Двајца мажи кои носеле еврејски капи биле нападните во Берлин, а едниот од нив го удирале со каиш, соопштила денеска берлинската полиција.
Две еврејски организации го објавиле и видеото од нападот, кој го снимил еден од нападнатите мажи. На видеото се гледа младо момче кое ја напаѓа жртвата и извикува “Јахуди”, што на арапски јазик значи “Евреин”, пренесува агенцијата “АП”.
Нападот се случил вчера, во берлинскиот кварт “Пренцлауер Берг”.
Градските власти го осудиле нападот, а полицијата рекла дека видеото е дел од истрагата и дека се обидуваат да го откријат идентитетот на напаѓачот.
Како што се наведува, антисемитските инциденти се во постојан пораст, а само минатата година во Берлин се случиле 947 вакви ицниденти, помеѓу кои 18 напади и 23 закани.