Наместо настап за Нова година, Велевска го изненади семејството со патување низ Европа

Македонската фолк дива Елена Велевска по 23 години настапување најлудата ноќ, реши да ја прослави во кругот на семејството.

Пред само неколку дена таа со сопругот Маријан ја прославија 10-годишнината од бракот, па по тој повод, во друштво со децата ќе прослават со патување низ Европа.

“Изминатава година, како и предходните години речиси и да немав слободен ден, концертни настапи во и надвор од Македонија, турнеи, телевизиски гостувања во Македонија, но и во Бугарија, хуманитарни концерти, се само дел од се’ она кое што ми се случуваше изминатава година.

Колку и јас да се трудев семејството трпеше и баш поради тоа решив да не прифатам ниту еден анганжман за Новогодишната ноќ и максимално да се посветам на семејството.

Пред само неколку дена со мојот сопруг прославивме десет годишнина од брак, па за тој повод сакав да го изненадам целото мое семејство со патување низ Европа”, вели Велевска.

И покрај тоа што Велевска нема никаде да настапува, телевизиската публика ќе ужива во нејзината песна преку новогодишното шоу кое таа го сработи со “ИН продукција”. Истото ќе се емитува на “Канал 5” Tелевизија.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.