НОВ КРВАВ НАПАД: Непознат маж прободи 7 луѓе со нож во руски град (ФОТО+ВИДЕО)

5997ffcfdda4c82f0e8b4567

Непознат маж вооружен со нож нападна и повреди 7 луѓе во рускиот град Сургут. Полицијата го уби напаѓачот, изјавуваат од локалниот истражен Комитет, а пренесува “Раша тудеј”.

Нападот се случил околу 11:20 часот по локално време. Никој не е убиен, но сите повредени имале потреба од медицински третман.

Напаѓачот потоа бил застрелан од полициската патрола, која пристигнала по итната дојава од жртвите на нападот.

Властите сега се обидуваат да го дознаат идентитетот на напаѓачот и да го откријат мотивот за нападот.

Сугруг е најголем град и провинциски главен град на областа Канти – Манси, источно од планината Урал.  Овој град има повеќе од 360.000 жители и е центар за производство на нафта и гас во Русија.

2

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.