НЕ СМЕ САМИ ?! Се појавија нови докази за мистериозните сигнали од вселената !

Брзи радио-сигнали за прв пат биле откриени во 2008 година, а од тогаш се регистрирани уште 18 пати, со тоа што само еден од тие сигнали се повторувал неколку пати. Откако бил откриен првиот сигнал од австралискиот телескоп Паркер, научниците го анализирале сигналот кој се повторувал за да утврдат од каде доаѓа и што произведува.

Сигналите се навистина силни иако траат многу кратко, измеѓу 30 микросекунди и 9 милисекунди, а ослободуваат неверојатно голема енергија, еквивалентна на она што нашето Сонце го ослободува во текот на денот. Како нивен извор, минатата година е детектирана мини галаксија оддалечена три милијарди светлосни години, а сега научниците откриле уште докази за невообичаените услови во кои се раѓаат сигналите.

“Сигналите се изразито поларизирани и доаѓаат од околина која содржи изразито силно магнетно поле. Исто така, сигналите ги откривме на висока фреквенција.

Кога радио-сигналите поминуваат низ магнетно поле доаѓа до нивна ротација, појава позната како “Фарадеев ефект”. Сигналите доаѓаат од два потенцијални извори: или од масивна црна дупка или пак од моќна небула, облаци полни со хелиум и други јонизирачки плинови во кои се раѓаат ѕвездите” пишува во студијата која ја направи списанието “Природа”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.