НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА: Го нападнала ајкула, но истовремено му го спасила животот

Јуџин Фин е можеби единствената личност која може да каже дека ајкула му го спасила животот.

Јуџин има 39 години и е по потекло од Масачусетс. Тој пливал со својата ќерка кога одеднаш го нападнала ајкула. За среќа тој и неговата ќерка преживеале, но тој морал да лежи неколку дена во болница поради болките со кои се здобил.

Откако го скенирале лекарите утврдиле дека има малигнен тумор на бубрегот.

“Тоа беше предупредување на мајката природа. Среќа во несреќа ме одведе во болницата. Во спротивно никогаш не би отишол на преглед и никогаш не би дознал дека сум болен”, рекол Јуџин.

Лекарите го пронашле туморот кој бил во почетна фаза, па шансите за лечење биле големи.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.