Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг минатиот петок им порачал на претседателот и премиерот на Косово, да не се обидуваат да предизвикаат војна, затоа што војската на Србија за кратко време може да ја заземе јужната покраина, пишува српскиот портал beograd365.net.
Како што пренесуваат дипломатски извори, Столтенберг на затворениот дел од состанокот со властите во Приштина рекол дека геостратешката позиција на НАТО е деликатна и дека не треба да се рачуна дека НАТО толку лесно ќе влезе во војна со Србија, зад која поодлучно од било кога стои Русија.
Тој веднаш на почетокот на разговорот ги прекинал Тачи и Мустафи кои говореле за “превземање на контролата на северната граница” и за наводната закана од така наречената “големосрпска агресија”.
-Првиот човек на НАТО рекол дека Приштина никако на своја рака не смее да го вовлекува западниот воен сојуз во војна. Нагласил дека војската на Србија има оперативна и тактичка предност на теренот и дека во краток рок, од неколку часа, може да го завземе северот на Косово, се до Ибра, а можеби и поголемиот дел од покраината, пренесуваат дипломатските извори.
Столтенберг додал дека НАТО мора внимателно да реагира на Косово и поради “новата политика на Доналд Трамп”.
“Господа, не заборавајте дека во САД повеќе не е претседател ниту Клинтон, ниту Обама. Не сум сигурен дека Трамп поради Косово би влегол во војна со Русија и Путин, им рекол Столтенберг на Тачи и Мустафи.
А/Г/