Mладите ракометари на Македонија до 21 година го совладаа Бразил со резултат 28:23 (14:11 на полувремето) во клучниот дуел од Светското првенство во Алжир, и го обезбедија второто место во групата Ц.
Нашите млади надежи цело време го контролираа натпреварот и имаа константно водство до 51-та минута кога успешната серија на Бразилците и немоќноста на нашите голмани ги доведе во водство. Но, кратко потоа младите ракометари на Македонија се отрезнија од овој шок и повторно ја презедоа иницијативата на теренот.
На патот кон следната фаза Македонија ги совлада уште Русија и Буркина Фасо, а загуби од Шпанија и Тунис.
Македонија во следната фаза во осминафиналето ќе вкрсти со Аргентина или домаќинот Алжир од групата Д.
Нашите млади ракометари се во вистински ритам и нивната игра ветува многу на ова Светско првенство.
Да не заборавиме, на клупата на нашата репрезентација е и прилепскиот тренер на голманите Ице Соколески.
А/Г/