Церемонијата за стапување на Владимир Путин на должноста претседател во новиот мандат, ќе биде одржана на 7 мај. На тој дена и руската Влада ќе поднесе оставка – пренесува “Спутник”.
Премиерот на Русија Дмитриј Медведев, говорејќи во Државната дума, рекол дека денеска го поднесува последниот извештај за работата на Владата во досегашниот состав, затоа што 7 мај, после инаугурацијата за претседател, Владата ќе поднесе оставка.
“Државата избра претседател. На седми мај, после стапувањето на должност, во согласност со законот, Владата ќе поднесе оставка и затоа ова е последен извештај во овој состав”, рекол Медведев.
Претседателските избори во Русија се одржаа на 18 март.
Актуелниот претседател Владимир Путин со 76,69% од гласовите доби нов мандат.