Полицијата преку соопштение извести дека вчера во 06 часот и 40 минути во Прилеп, во дворот од куќата сопственост на С.Ј -дистрибутер во „Прилепска Пивара“, две непознати маскирани лица извршиле разбојништво над С.Ј.
Од МВР велат дека сторителите физички го нападнале, го удирале со безбол палки во телото и му одзеле од 70.000 до 100.000 денари, по што побегнале во непознат правец. С.Ј. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Прилеп.
Се преземат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.