Момче прободено со нож пред ноќен клуб во Прилеп

Полициската станица Прилеп поднесе кривична пријава против 27-годишниот Д.Т. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 10.02.2018 година во 3 часот по полноќ во Прилеп на булеварот „Гоце Делчев“ пред влезот на ноќен клуб пријавениот, по претходна вербална расправија, на 20-годишниот Б.П од Прилеп, со нож му нанел тешка телесна повреда во пределот на стомакот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.