Младата Белорусинка не го поднесе тоа: Го напушти победничкиот подиум и БРАВО ЗА НЕА! (ВИДЕО)

violeta-skvarcova

Белоруската атлетичарка Виолета Скварцова во знак на протест поради погрешно интонирана химна, ја напушти церемонијата на доделувањето медали на Европското првенство до 20 годни, кое се одржува во италијанскиот град Гросето.

Младата атлетичарка победи во трискок на ова Европско првенство, но за време на доделувањето на медалите, доживеа непријатност. Наместо химната на Белорусија, организаторот ја интонираше химната на Босна и Херцеговина, поради што атлетичарката одлучи да се симне од победничкиот подиум.

Откако грешката беше пријавена, Италијанците се извиниле за пропустот и одлучиле церемонијата да се повтори.

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.