Мицковски: Доколку дојде до либерализација на пазарот, граѓаните ќе плаќаат 20 отсто поскапа струја

Секоја одговорна влада како примарна цел го има интересот на граѓаните, вели Христијан Мицковски – директор на ЕЛЕМ во врска со либерализацијата на струја. Според него владата после сите темелни анализи заклучила дека ако се спроведе оваа либерализација тогаш цената на струјата ќе поскапела за 20 отсто.

mickovski-1

– Доколку дојде до либерализација, 100 отсто на пазарот на електрична енергија, а тоа не го направивме спонтано него на една темелна анализа која што во тој момент постоеше и со податоците што ги имавме на располагање и компарирањата што ги имавме со земјите од ЕУ се донесе заклучок дека во овој момент ако ние дозволевме 100 процентна либерализација тогаш граѓаните ќе плаќаат до 20 отсто поскапа електрична енергија, рече Мицковски.

Според него, само за илустрација ако се анализира просекот на цената на електрична енергија што граѓаните на Република Македонија го плаќаат во последните три години, таа е за 2,5 пати помала од просекот што го плаќаат граѓаните на земјите членки на ЕУ во последните три години. Со други зборови, граѓаните плаќаат во моментов по 5 денари киловат час, додека жителите на Унијата плаќаат  околу 12,5 денари за киловат час.

Мицковски е категоричен дека доколку дојде до либерализација на пазарот на електрична енергија каде што граѓаните ќе купуваат слободно, тогаш во тој момент таа цена на електрична енергија ќе биде повеќе од 20 отсто поскапа поради условите кои влијаат на пазарот на електрична енергија и берзите кои се во Европа за одредување на таа цена.

– Владата не го напушти процесот на либерализација, него седнавме, преговараме во тогашното раководство на Европската енергетска заедница и рековме да ние продолжуваме, но тоа ќе го спроведеме во етапи за да успееме да го подготвиме пазарот, да го апсорбира целиот ризик што постоеше во тој момент, а од друга страна, да го подготвиме ЕЛЕМ да може да биде рамноправем учесник на тој пазар, појасни Мицковски.

Toj потенцираше дека ЕЛЕМ е гломазна компанија која има повеќе од 5.000 вработени, но треба да и се овозможи на компанијата да направи своја мрежа во земјите-членки на ЕУ, но и во оние држави кои не се членки за да може да биде рамноправна со оние трговци кои имаат по неколку вработени. Според него, главниот мотив е од една страна да се заштитат граѓаните од ценовниот шок, а од друга страна да се подготви ЕЛЕМ, да го апсорбира целиот ризик и потенцијал кој што следува.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.