Мистериозниот петти спрат во хотелот во Северна Кореја: Забранет е за туристи, а во лифтот не постои овој број (ВИДЕО)

Hotel-01-620x350

Голем број на туристи сакаат барем еднаш во животот да ја посетат Северна Кореја. Оваа земја за многу луѓе е непозната, а влез во неа може да си дозволат само мал број на луѓе. Покрај парите, потребно е да се има и храброст, особено после она што му се случи на американскиот студент Ото Вормбир, кој бил обвинет за крадење на пропаганден постер од петтиот спрат во хотелот во Пјонгјанг.

Тој на ова патување заминал преку агенцијата “Јанг Пионирс Турс”, која веќе 10 години организира патувања во Северна Кореја. Поради наводна кражба студентот бил осуден на 15 години тешка работа. На почетокот на јуни тој бил вратен во кома, а на крајот од месецот починал.

Оваа агенција сите ја посочуваат како најевтина опција. Агенцијата сите тури кои ги организира  во Северна Кореја завршуваат во Јангкандо хотелот.

За овој хотел кружи приказна дека има има “забранет” петти спрат на кој наводно се сместени работници.

Wong-Maye-E-Severna-Koreja-1

Во лифтот не може да се најде копчето кое би ги одвело туристите на петти спрат. Дека овој спрат не е мит, освен починатиот студент, докажале и други храбли луѓе кои успеале даго посетат.

Др. Келвин Сан организаторот на турата во Северна Кореја сакал да го истражи ова забрането место. Тој заедно со другите туристи останале една ноќ во хотелот. Ги имале сите удобности, но тој сакал нешто друго.

На петтиот спрат имало слики кои ја величат севернокорејската нација и закани кон Америка. Дури имало и нацртана бомба на која пишувало Америка.

Сан тврди дека студентот не би можел  да украде постер од тој спрат, бидејќи местото во видеото кое било прикажано во судот кога е осуден студентот, не го сретнал на спратот.

Covek-01

Ф.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.