Мистериозен кратер се појави на позната плажа: Граѓаните збунети од неговата форма (фото)

Мистериозен кратер се појавил на плажата во Ница, и ги зачуди сите.

Поединци сметаат дека тоа е гејзер или вулкански кратер.

Дупката е длабока 2 метри и е широка околу 5 метри и се појави по познатото шеталиште во Ница. Локалните жители беа најмногу изненадени од нејзината совршена кружна форма.

Се претпоставува дека дупката се направила поради трамваите кои поминуваат во близина.

Локалните власти истакнаа дека кратерот не претставува закана за граѓаните и дека земјата веројатно се распаднала поради ерозија на земјата од подземните води.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.