Милан не престанува со засилувањата: Ново име ќе биде и Хакан Чалханоглу

calhanoglu-1000x555

Турскиот фудбалер Хакан Чалханоглу би можел да стани ново засилување за Милан.

Германските медиуми пренесуваат дека играчот за врска го напушта Баер Леверкузен и дека својата кариера ќе ја продолжи во италијанската Сериа А.

Наводно, Чалханоглу веќе се договорил со челниците на Милан и овој трансфер би требало да се реализира во наредните неколку дена.

Екипата од Сан Сиро веќе некое време бара играч за врска кој ќе ги држи конците на игра, а за првите луѓе на Милан Чалханоглу е идеално решение.

Доколку се биде како што треба до крајот на преговорите Милан на сметка на Леверкузен ќе уплати 25 милиони евра.

Чалханоглу го пропушти вториот дел од сезоната поради суспензија која му ја изрече ФИФА, но сега е спремен за нови предизвици.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.