“Ме унаказија пред детето па ми честитаа дека го убив Аркан” – детали за апсењето на убиецот

Драган Николиќ Гаги го продолжува сведочењето за убиството на Жељко Ражнатовиж Аркан. Тој вели дека откако пукале во него, морал итно да избега, а на 15. април 2003. година по криењето и животот во бегање, бил уапсен во спектакуларна акција.

– Слушам експлозија, станувам пред тригодишната ќерка. Гледам искршена влезна врата, сакам да ја заштитам ќерката. Ги видов Кобрите како влегуваат во станот. Ме унаказија пред детето. Гледам надвор пожарникари и Брза помош облечени како бездомници, сфатив дека има и полиција, бев опколен. Ме однесоа во полиција, а таму на командантот кој ме уапси му честитаа за убиството на Аркан, вели Гаги.

Претходно тој раскажа се за деталите за убиството на Аркан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.