Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ се обрати пред јавноста во, после состанокот со претседателот Александар Вучиќ и претставниците од Српската листа.
Ѓуриќ беше уапсен после вчерашниот собир на Косово, а потоа со лисици на рацете бил префрлен во Приштина, каде бил сослушан, а потоа и протеран во Србија.
Веднаш му била укажана лекарска помош во Куршумлија, а потоа и во Белград. Претседателството на Српската листа синоќа ја усвои својата иницијатива за напуштање на Владата во Приштина, а претседателот на таа листа Горан Ракиќ рекол дека денеска ќе донесат конечна одлука за нивното учество во косовската влада.
Целото обраќање на Ѓуриќ погледнете го во продолжение: