Меморијален Турнир „Jамајка“ во чест на споменот на Павле Кочоски

Турнирот е во чест на споменот на Павле Кочоски, чиј живот прерано згасна . Во негова чест и спомен десетта година по ред, неговите другари и пријатели го организираат овој меморијален турнир во мал фудбал “Јамајка”. Овој прилепски турнир од година во година е се подобар и поорганизиран и се надеваме дека ќе прерасне во еден поголем настан.

Турнирот “Јамајка” и оваа година ќе се игра во сала “Македонија”. Екипите може да бидат составени од максимум 10 играчи, се игра 5+1 правила за мал фудбал. Нема старосна граница за играчите.

Пријавувањето на екипа е 3000 денари.

Бројот на екипите е ограничен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.