Мајка ја присилувала малолетната ќерка на полови дејствија со 60 годишен маж

Полициската станица Дебар поднесе кривична пријава против Б.Б. (60) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

-Во кривичната пријава е опфатена и А.К. (37) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „задоволување на полови страсти пред друг“ и „запуштање и малтретирање на дете“, информираат од МВР.

Полицијата наведува дека Б.Б. во неколку наврати сексуално, со допирање ја злоупотребил малолетната ќерка на второпријавената А.К..

-Таа, по барање на Б.Б. ја присилувала својата ќерка на полови дејствија со него, но и самата вршела полови дејствија во присуство на малолетната ќерка. Малолетничката, за таквите постапки го известила и побарала помош од својот татко. Со девојчето бил извршен разговор во присуство на стручни лица од Меѓуопштински центар за социјални работи Дебар, информираат од МВР.

Донесена била одлука да се отстрани А.К. од семејството и да се преземат дополнителни мерки заради заштита на малолетно лице.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.