Maртина Шошеска од Прилеп ги доби клучевите од новиот автомобил “Киа спортејџ” кој го доби благодарение на инстант лозот “Авантура” од Државната лотарија на Македонија.
Денеска во центарот на Прилеп, водителката на “Пиво Фест” Марјана Станојковска и ги додели клучевите на прилепчанката.
Како што изјави Мартина сега во тренд е наместо цвеќе, на свадбените прослави да се даваат грепки, па во една од тие грепки кои ги добила од своите најблиски го добила највредниот подарок на својата свадба.
А/Г/