Сите оние кои секојдневно работат со луѓе со среќаваат со безброј човечки навики и каректери од кои често знае да им се смачи. За тоа може да посведочи стујардесата Марија Ж. (40) од Србија, која нешто повеќе од 2 децении работи во авио транспортот и како што раскажува се нагледала се и сешто.
21 година работам како стујардеса и сменив три авио-компании. Слободно можам да кажам дека во сите три фирми наидов на многу нормални и културрни патници, но имаше и голем број на „лудаци“. Какви работи сум се нагледала, не можете ни да замислите, раскажува стујардесата.
Според нејзините зборови, многумина и завидуваат бидејќи мислат дека работата и овозможува да прошета на многу места, но вели дека ако тие ги видат сите аспекти на работата, веднаш ќе го променат мислењето.
-Средената фризура, симпатичната униформа и насмевката често знаат да ги излажат луѓето. Работата е таква и на нашето лице не смее да се види ништо друго освен насмевка. Затоа кога ќе најдам кеса полна со урнина меѓу некои седишта, истовремено се смеам, но и вриштам во себе од гадост. За нередите во тоалетите најдобро да не ни почнам да раскажаувам, но како што реков, сето тоа е дел од работата. Замижувам со едното око, ја завршувам работата и веќе знам дека наскоро ќе наидам на нешто уште по бизарно, завршила Марија.