Манастир Св. Илија во с. Дрен, рајски мир и Божја убавина за прекрасно поминат празничен ден (ФОТО)

Ако сеуште не сте се одлучиле каде да го поминете денешниот празник, време е да го запалите возилото и да не чекате ни миг повеќе

DSC_0099

На околу 30 км од Прилеп, движејќи се по патот Прилеп-Градско, се скршнува кај с. Беловодица и преку селата Царевиќ и Смолани, се пристигнува во една волшебна рајска убавина, до манастирот посветен на Св. Илија во с. Дрен.

DSC_0089

DSC_0034

DSC_0026

Низ предели исполнети со зеленило, шаренило, мир и тишина, низ прегратки на дебела дабова шума, се доаѓа до ова здание кое ни имагинација и магија не би го создале сами од себе.

DSC_0033

DSC_0118

DSC_0121

А таму ќе ве пречекаат шарени пауни, рајски птици, носители на мир, бели гулаби, многу цвеќе и одлична уреденост и чистота.

Она што оди во прилог на целосно опуштање и заборав на сите проблеми, е тоа што нема мобилна мрежа, но има повеќе од доволно што да се види и доживее.

DSC_0124

DSC_0127

DSC_0146

Љубовта кон бога и веројатно силата која им ја подарил светиот пророк Илија, се нештата кои помогнале на сите добронамерници да го изградат ова што постои и плени сечие око.
Водата од манастирската чешма е мевлем и лек за душа, силна, бистра и студена.

DSC_0151

DSC_00821

 

А/Г/

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.