На ден 09.09-2017 година Џ.К.Бушидо од Прилеп учевствуваше на меѓународниот турнир во Бјелина, Република Српска, каде настапи со 14 свои натпреварувачи, а вкупно беа пристуни 700 учесници од 15 држави.
На овој најдобро организиран и најголем џудо меѓународен турнир по бројност на Балканот, единствениот претставник од Македонија Џ.К. Бушидо -Прилеп, им одржа лекција на Европјаните. Џудистите од Прилеп докажаа како со гордост треба да се бори за сопствената држава и македонското сонце.
Прилепските млади џудисти освоија 6 медали, а поединечно освоени се следните резултати:
1.Михаил Крстески роден 2009 година 34 кг. – 3 место
2.Елеонора Илиоска -2008 г. – 44 кг. -1 место
3.Лука Филипоски -2006 г. – 40 кг. -3 место
4.Ема Димитриоска 2003 -48 кг. -3 место
5.Георгина Милошеска -2003 -52кг. – 2 место
6.Теодора Ристеска -2002 -48 кг. -1 место, (Теодора Ристеска освои и титула најдобар џудист на турнирот во нејзината категорија)
7.Марија Талеска -2002 -48 кг. -4 место
8.Матеја Кочоска -2003 -57 кг. 4 место
9.Кристијан Маѓероски -2006 -66 кг. -4 место
10.Филип Петроски 2005 -60 кг. -5 место
11.Бојан Мојсоски 2003-60 кг. -5 место
12.Филип Попоски -2003 60 кг. -4 место
13.Антонио Талески -2003 -66 кг. -4 место
14.Стефан Талески -2003 -73кг. -4 место