Еден од најуспешните диџеи и продуценти од земјава ГАЛОСКИ со огромен успех на својата мини турнеја во Јапонија.
Галоски успеа да го распродаде V2 Tokyo, станува збор за еден од најпознатите и најпопуларни ноќни клубови во Токио, каде што како дел од листата на артисти кои настапуваат и гости може да сретнете имиња Justin Bieber, One Direction, Neymar, Dr Dre, The Chainsmokers, The Black Eyed Peas, Florida, Ne-Yo и други.
Како дел од неговата мини турнеја во Јапонија нашиот диџеј и продуцент настапи и во ELE TOKYO и Villa Tokyo.
На еден од настапите нашиот диџеј имал специјална посета од г-дин Џеки основачот на DJMAG (Јапонија), едно од најголемите светски списанија за електронска музика и диџејство, што само ја потврдува големината на нашиот артист.
До крајот на месецот Галоски ќе настапи во Шпанија, Австрија како и заедно со светски познатиот диџеј Афроџек во Љубљана, Словенија.
Галоски неодамна потпиша издание за една од најголемите издавачки куќи за електронска музика во светот Armada Music која е во сопственост на светската денс икона Armin van Buuren.