Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Грција, во која со својот автомобил удрил во моторциклист од Грција, кој починал на лице место. Извори од Министерство за надворешни работи за „Мета“, велат дека сообраќајката се случила на автопат, а по неа Македонецот бил приведен.
Од конзулатот на Македонија во Грција, му е обезбедена потребната помош, но понатамошната постапка во однос на него зависи од грчките судски органи.
Повеќе детали денеска.