Македонецот кој во знак на протест спиеше на отворено во Солун, утрово нападнат од 30 луѓе

Василис Каритидис, Македонец од Егејска Македонија, кој десетина дена во знак на протест за притворените од настаните во македонското Собрание на 27 април и преговорите за промена на државното име, спиеше на отворено во Солун рано утринава бил нападнат од група од 30 луѓе.

Василис информацијата ја сподели на својот Фејсбук профил и напомена дека се здобил со сериозни повреди.

“Зошто ме ранивте, не ме убивте. Подобро ќе беше, срамот ваш ќе се сокријаше. Сабајле во мугрите околу 4.37 минути, ме нападна група од 30 луѓе, ме шутираа, газеја, беф покријен со кебето и склупчен доле на земјата. Имам 3 напрснати ребра, голем потрес на главата и ногата во лангета. Во еден момент чуф чист македонски јазик, скопскиот дијалект каде ќе ни платат за ова тука или во Скопје. На крајот се слушаше гласови доста, доста му је на овој, не преживува, готоф е. Јас сум во болница и од тука пак ќе наставам со штрајкот додека не излезам. Браво бре јунаци, Македонци од СДС за вашето дело према мене. Македонија вечна”, напиша Василис.

Василис заедно со неговиот брат спиеа во близина на споменикот Св. Кирил и Методиј. Откако неговиот брат се здоби со тешка настинка, тој продолжи сам да спие на отворено.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.