МЛАДИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА: Нов протест на студентите за заштита на државните интереси, овој пат во Битола

Mладинската организација “Младите за Македонија” најавува нов масовен протест на студентите, овој пат во Битола.

На 16.04.2018 година со почеток од 18:00 часот на плоштадот “Магнолија”, ќе се одржи протест против имплементацијата на Законот за употребата на јазиците, преговорите околу името на Република Македонија.

После масовниот собир кој неодамна се одржа во Штип, од организацијата “Младите за Македонија” најавуваат уште масовен собир во Битола.

“ДА КАЖЕМЕ ГЛАСНО НЕ ЗА ПОДЕЛБИТЕ И УНИШТУВАЊЕТО НА НАШАТА ДРЖАВА”, пишува во најавата за протестот на Фејсбук.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.