Двајца возачи, од кои едниот потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која денес се случила на патот Битола-Прилеп пред селото Тополчани.
Од МВР информираат дека несреќата се случила во 12:30 часот кога патничко моторно возило „Мерцедес” со ресенски регистарски ознаки, управувано од С.В.(66) од Ресен се судрило со товарно моторно возило “МАН” со струмички регистарски ознаки, управувано од В.М.(46) од Берово.
-Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило С.В., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Битола, додека на возачот од товарното возило констатирани му се телесни повреди. Двете лица се задржани за понатамошно лекување, информираат од полицијата.
Извршен е увид на местото на настанот.