МАРИЈАНА ПЕТИР:Неприфатливо е да се менува Уставот и името на Македонија, ова е уцена

Европарламентарката од Хрватска, Маријана Петир, во интервју за хрватскиот портал „Народ.хр“ ја искритикува Европска унија за оставањето на Македонија на милост и немилост на Грција. Петир веќе неколку пати до сега со видео пораки порача дека Македонија има едно име и не треба да го менува, а сега повторно стои на тој став, пренесува порталот инфомакс.

Таа вели дека грчкиот народ протестира, бидејќи не само што не прифаќаат Македонија да се вика Македонија, туку не сакаат во името на државата да се спомнува каков било збор кој во својот корен го има зборот ‘Македонија’ во кој било облик и сакаат промена на устав што е неприфатливо.

– „Јасно може да се види дека Грците не сакаат договор, туку сакаат на една современа и демократска држава да ѝ го одземат нејзиниот идентитет“, плашејќи се дека „ако продолжат притисоците врз Македонија, ќе дојде до дестабилизација на целиот регион“, смета Петир.

Петир смета дека ниту една влада или партија не може самостојно да донесе една толку голема одлука каква што е промената на името.

„Македонија и македонскиот народ се на прво место. Народот треба да каже дали ја прифаќа оваа уцена или не и одлуката на народот треба да се почитува, не само од македонската Влада, туку и од ЕУ и НАТО“, вели таа додавајќи дека народот е разочаран во сопствените политичари и Европа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.