Македонците во големите европски центри се мобилизираат и го креваат гласот против угнетување на нивната земја, како и против сите неправди кои му се случуваат моментално на македонскиот народ и државата.
Вчера нашинците маршираа во Берлин и Париз барајќи зачувување на името на државата како и националниот идентитет.
Македонците поминаа пред Бранденбуршката порта, се фотографираа пред куќата на канцеларката Ангела Меркел и Рајхстагот.