МАКЕДОНИЈА ПОМИНА И ПРЕКУ ДОМАЌИНОТ: Алжир цврст, но не доволно – Одиме во четвртфинале!

20292167_10211894302464429_45205306_n

Македонската млада ракометна репрезентација до 21 година помина и преку домаќинот Алжир на Светското првенство.

Крајниот резултат 24:20  (10:11 на полувремето).

Дисциплираната и цврста игра беше клучна за победа над Африканците, кои се покажаа како доста тврд орев, а ветар во нивните гради беше и многубројната домашна публика во салата.

За четвртфинален противник Македонија ќе ја има секогаш силната Франција, која и не така убедливо ги порази Фарските Острови со резултат 28:25.

Нашите млади херои веќе направија голем историски исчекор на ова Светско првенство, со самиот пласман во осминафиналето.

Но, мотивираноста кај ракометарите на Македонија е на врвно ниво и сите се надеваме на уште поголеми успеси на ова натпреварување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.