Бугарскиот портал „Епицентар“ лиферуваше вест според која Вашингтон нема да дозволи влез на Република Македонија во НАТО Алијансата со сегашното име на земјата, пренесува инфомакс.
Според бугарскиот портал, ова е изјава на американскиот претседател Доналд Трамп дадена во четвртокот, за време на прославата на Денот на независноста на Грција во Белата куќа.
Трамп во своето обраќање на свеченоста ја пофалил Грција како основа за западната култура и цивилизација и рекол дека основачите на САД се инспирирале од историјата на грчките градски држави кога го изготвувале Уставот на САД.
За да го одбележи Денот на независноста на Грција, Трамп ја „обои“ Белата куќа во сино и бело.