МАЈКА ОД ПЕКОЛОТ: Ја продала ќерката (13) за 800 долари, девојчето 3 дена го силовале во хотелска соба (ВИДЕО)

Сефак имала само 13 години кога мајката ја продала како сексулаен роб за вкупно 800 долари.

Пред да биде купена девојката била одведена на преглед во болница каде и зеле крв и и’ издале сертификат дека е девица. Потоа ја однеле  во хотелска соба каде била силована цели 3 дена.

Во малото рибарско село Свај Пак во близина на камбоџанскиот град Пном Пена едно девојче го снашло страшна судбина. Сефак, како и многу девојчиња од нејзиниот крај била продадена поради долгови. Таа се вратила дома после 3 дена силовање, но мајката ја терала да се занимав со проституција.

Девојчето од страшниот пекол било спасено од организацијата АИМ, која се бори против ропство и трговија со луѓе. Сефак денес работи во фабрика од оваа организација, заедно со други жени кои исто така биле спасени.

“Се чувствувам многу посигурна и имам пристојна работа”, вели таа.

АИМ само во последните 3 години спасила 130 девојчиња при 50 различни рации спроведени во Камбоџа.

“Ова е сиромашна земја и луѓето гледаат како да дојдат до пари. За жал, поради недостаток на едукација и работа, сексуалната индустрија е еден од начините на заработка”, вели Ерик Мелдрум, шеф за истрага во АИМ.

Сепак, работите се движат во позитивна насока во Камбоџа. Тој вели дека соработката со полицијата е на одлично ниво, а и владата се повеќе се труди во последно време и прави се’ во борбата против трговците со луѓе.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.