Не е познато кој стои зад сето ова…
На фасадата од луксузниот хотел “Трамп Сохо” во Њујорк проектиран е ликот на рускиот претседател Владимир Путин, објави “Бизнис инсајдер”.
Според пишувањата на порталот, Путин е претставен како стои пред руско знаме со подигнат палец, додека покрај неговиот лик стоjaт натписите “Драго ми е што помогнав, брате”, “За перењето пари”, “На располагање, сервис за перење веш”.
Trump Soho Projections #followthemoney pic.twitter.com/iS0bzzBhan
— robin bell (@bellvisuals) August 8, 2017
Пред хотелот во Менхетен истовремено биле присутни луѓе облечени во воени униформи, кои носеле руски знамиња.
Порталот вели дека сето ова се случило во понеделникот, но не е јасно кој стои зад сето тоа.
Ф/Г/