Во полн ек е ликовната колонија Дрен што се одржува во ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп. Во ликовното ателје, во дворот на Центарот, творат десетина уметници меѓу кои Андријана Мациев, Новица Трајковски, Петра Јовановска, Верче Николоска, Александар Џинго, Драган Најденовски, (Македонија), Елена Ривка Беларeва и Виктор Пушкин од Русија, Маријана Везарова и Пламен Бонев од Русија, кои на градот, на државата ќе остават во трајно наследство вредни уметнички дела.
-Атмосферата за работа во ателјето е одлична. Организаторите се гостопримливи. Воодушевена сум од градот – изјави Ривка Беларева.
– Прилеп е многу убав град. Дел од атмосферата што ја видов ќе ја пренесам на платното – вели Пламен Бонев од Бугарија.
– Колониите се убава можност за размена на искуства меѓу нас уметниците и за дружење – вели Александар Џинго.
Колонијата Дрен, која се одржува по десетти пат е во рамките на Прилепското културно лето, што го организира ЦК,,Марко Цепенков” со подршка на Министерствто за култура.
Културното лето беше отворено со извонредниот настап на дел од Камерниот орскетар од Битола со проектот „Акустична рок симфонија“, кои пренесоа дел од вонвременските рок композиции пред прилепчани.
Прилепското културно лето годинава ќе понуди бројни концерти и ликовни изложби.