Лашкоска: Кристално јасно е дека оваа ненародна власт не ја интересира што мисли народот во врска со името па и со јазикот

На денешната расправа за законот за јазиците во Собранието, пратеничката Ане Лашкоска тврдеше дека ако се земе во предвид изјавата на Зоран Заев во која тој кажува дека ќе гледа да се најде решение за името и изјавата на Бујар Османи дека локалните избори биле еден вид на референдум, власта е незаинтересирана за мислењето на граѓаните кога се во прашање државните национални интереси.

Таа продолжи потенцирајќи дека истото се случува и со предлог законот за употреба на јазици. Лашкоска одлучи наместо говор кој би ги убедувал граѓаните дека СДСМ ги руши државните националните интереси, да го чита веќе постоечкиот закон за употреба на јазици.

Со предлог законот за употреба на јазици се предвидува употреба примена на албанскиот јазик во сите институции, а не само во органите на државната власт како што вели уставот.

Со ова албанскиот јазик ќе треба да применува и во јавните претпријатија и други институции, а Уставот тоа не го дозволува.

Албанскиот јазик би се применувал и во сите единици на локалната самоуправа, дури и онаму каде што не живее ниту едно албанско семејство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.