На денешен ден пред 6 години почина Гоце Арнаудов, едно од најголемите музички имиња кои Македонија некогаш ги имала.
Таа 2011 година на 6 декември неговото тело се предаде и ja изгуби битката со ракот на белите дробови.
Гоце Арнаудов почина во клиника во Франција каде и се лекуваше, а беше погребан во неговата родна Струмица.
Великанот на македонската музичка сцена ќе биде запомнет како најенергичен изведувач, а неговите хитови “Дали чекаш стара мајчице”, “Проклети да се предавниците”, “Штом ноќта помине”, “Ќе пијам ќе лумпувам” и други, ќе останат вечно да се пеат.