Работодавачите имаат рок уште два месеци на работниците да им исплатат К-15.
Регресот за годишен одмор или К-15 и оваа година ќе им следува на вработените во приватните компании од македонското стопанство.
Доколку истата пресметка ја адаптираме на најновите податоци на ДЗС за месец август, тогаш износот на К-15 за 2017 година би бил уште поголем во однос на бројките добиени за месец јули. Така, минималниот износ на к-15 би бил 9.164 денари (40% од 22.912 – просечна нето плата по вработен за август), а максималниот износ би изнесувал 13.470 денари (40% од 33.675 – просечната бруто плата по вработен за август.
Обврска за исплата на К-15 имаат сите работодавачи од приватниот сектор. Оние кои нема да го исплатат, освен со парична ќе се соочат и со казна затвор.