На нашите простори често може да се видат бројни необични згради, кои се предмет за забава. Последен таков пример е фотографиран во Јајце во Босна и Херцеговина, а фотографијата е објавена на Фејсбук.
Станува збор за куќа која има прозори и врата, но до нив е тешко да се дојде. Имено, тие лебдат во воздух, бидејќи до нив нема скали.