“Курир”: Политичкото обвинителство ја реализира нарачката: Ги изедначи оперскиот пејач Дурловски и терористот Ндрецај

Да ја пееш македонската химна на собирите на движењето „За Заедничка Македонија“ е исто кривично дело како да извршиш напад на државата, да убиеш 8 полициски службеници и да ги загрозиш животите на цел еден град – Основното јавно обвинителство ги изедначи терористите од Диво Насеље со пратениците, уметниците и граѓаните кои протестираа под знамето на движењето „За Заедничка Македонија“.

Затоа што ја пеел македонската химна светски познатиот оперски пејач Игор Дурловские е изедначен со Мирсат Ндрецај, терористот од Косово, кој убиваше македонски полициски службеници во кумановско Диво Насеље. И двајцата ОЈО ги товари за исто кривично дело – тероризам.

Покрај Дурловски, од ОЈО за тероризам се осомничени уште 36 луѓе. Најголем дел од нив воопшто не учествувале во насилни акти во Собранието и не удриле никого, а за тероризам се товарат затоа што учествувале на протестите на движењето „За Заедничка Македонија“.

Тие се товарат по членот 313 од Кривичниот законик, кој предвидува минимална казна од 10 години затвор.

Целиот текст, прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.