Дојде ветениот живот, но не животот за скопјани, туку оној за луѓето од власта, „пајаците“ на Петре Шилегов и Саша Богдановиќ секојдневно ја полнат касата на премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски.
Како што информира МВР во текот на изминатите седум дена во градот Скопје, пајак службата отстранила 445 возила. Тоа значи дека за само една недела од пајак службите на Општина Центар и градот Скопје, скопјани се посиромашни за најмалку 1.112.500 денари или нешто повеќе од 18 илјади евра.
Додека владините возила на СДСМ и ДУИ пајакот не ги чепка, за само една недела граѓаните од Скопје се осиромашени за најмалку 18 илјади евра, пари кои одат за полнење на буџетот на Заев и Тевдовски. Инаку доколку пајак службата го одземе вашиот автомобил, ќе останете најмалку без 2.500 денари.
Имено, доколку на пример на Градски паркинг заборавите случајно да пратите порака за да платите паркинг, а пајак ви го отстрани возилото, ќе платите 3.500 денари. Тука може да се пресмета и казната за погрешно паркирање која што е 50 евра.
Ценовник од „Градски паркинг“:
Целиот текст погледнете го ТУКА