Валентин Божиноски, секретар на општинскиот одбор на СДСМ Прилеп, и се обрати на јавноста со изјава во врска со, како што рече, „натписите за физички линч на народни избраници, со коишто е испишана канцеларијата на пратениците на СДСМ“.
Легитимно право е како претставник на партијата да дава изјава и да ги каже ставовите на партијата.
Но, проблем е што тој тоа го прави во работно време, бидејќи е вработен во Управата за јавни приходи. Со ова тој практично не ги почитува правните норми.
Согласно истите, вработените во државна и јавна администрација не смеат во текот на работното време да имаат било какви партиски активности. А тој не само што врши партиска работа во текот на работното време, туку и се обраќа на јавноста.
Оттука се поставува прашањето: Дали раководните лица ќе преземат соодветни активности за секретарот на општинскиот одбор на СДСМ Прилеп, или ќе му се прогледа низ прсти?
Изовор: “Курир”