Кривични за две лица од прилепско кои присвоиле 777.108 денари од Македонски пошти

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Н.П.(28) и В.П.(27), двајцата од село Долнени поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “проневера во службата“ и „послужување во службата“, oбјави порталот Шеталиште.

Првопријавената, како управител и второпријавениот, како основач и сопственик фирмата “Лана 2013“ ДООЕЛ, по склучен концесионерски договор со АД “Македонски Пошти“, од 10.07.2015 година до 27.11.2017 година, присвоиле пари доверени во службата, со што се стекнале со противправна имотна корист од 777.108 денари на штета на АД “Македонски Пошти“, дознаваат од Шеталиште.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.