“Кој го уништува ракометот во Прилеп?!”

Одминува и втората седмица одкако прецедателот на РК Прилеп доби категорично “НЕ” од страна на градоначалникот и локалната самоуправа. Клубот е пред колапс, згаснување е најможната варијанта.

Речиси сите спортски медиуми ја пренесоа лошата вест за судбината на РК Прилеп. Во јавноста тоа предизвика бура реакции, безброј коментари на социјалните мрежи.

Многу луѓе кои се директно и индеректно засегнати за клубот, а и оние, обичните љубителите на ракометот во градот, а и Републиката жестоко реагираа на одлуката на градоначалникот.

Но, за жал, од таму каде што и треба, ни трага ни глас. Мува не ги лази! Очекувавме и реакција од прецедателот на новоформираниот Спортски Сојуз при општина Прилеп, Гоце Макалоски.

Токму тој, цела своја репутација ја стекна преку ракометот, беше одличен играч, репрезентативец. Пред неколку дена директно од општината промовирајќи го турнирот во мал фудбал “Св. Никола”, кој е под покровителство на приватна компанија од градот и има хуманитарен карактер, рече дека спортот во Прилеп ги достигнал маргините.

И дека токму споменатиот спортски сојуз ќе се грижи за клубовите да се издигнат, за да после 2 дена од истото место пристигна информацијата за клучот на вратата на РК Прилеп, клуб кој во изминатите 6 сезони достојно го претставуваше името на општината во највисок ранг натпреварување во Република Македонија.

На сите им е јасно, клубот го одигра есенскиот дел, регуларно, благодарение на претседателот Мариновски и ентузијазамот на играчите и стручниот штаб.

Не се дозволи ни една утакмица да заврши со службен резултат, ни да се одземат бодови од салдото на табелата во машката супер лига каде Прилеп е на 6то место со 13, со само бод заостанување зад 5 -от Радовиш со 14.

Имаме информација дека играчите веќе ги подигнуваат исписниците. Пелистер и Охрид веќе пазарат од Прилеп, екипата е веќе расформирана, за жал.

Зачудува молкот кај ИСТАКНАТИТЕ спортисти кои ветуваа “НОВ ЖИВОТ” и европски екипи, тоа е прифатено со невиден револт и кај навивачите во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.