Косовец приведен кај касарната Илинден, се товари за неовластено влегување и правење скици или цртежи на воени објекти

Полицијата вчера околу 10 часот го привела 58 годишниот Х.Р. од Косово кој бил затекнат во кругот на касарната Илинден.

Од полицијата информираат дека лицето е приведено поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени дејствија“.

По целосно расветлување и документирање на случајот ќе му биде поднесен соодветен поднесок и ќе се превземат понатамошни дејствија.

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.