Манифестацијата “Прилепско културно лето” продолжува. Во сабота, 24.06.2017 на камената бина на плоштадот “Aлександрија”, со почеток од 20:00 часот, заеднички концерт ќе одржат КУД “Mирче Ацев” од Прилеп и КУД “Јованча Мициќ“ од Јагодина, Р. Србија, а гости ќе бидат и етно групата „Сварожичи“ од Јагодина.