Кристијан Илиоски е новиот в.д. директор на ЈП ”Пазари” Прилеп.
Релативно искусен економист, кој краток период со таа квалификација работел во прилепскиот тутунски гигант. Но, благодарение на добриот пакет што претходното раководство им го понудува на вработените, одлучува со финансиски надомест да ја напушти оваа фирма.
Новиот директор има одлична спортска кариера, претежно во прилепскиот клуб, кој по се изгледа згаснува, а никој не реагира и покрај предизборните ветувања за ренесанса.
Благодарение на политичката активност за кратко време успева да се “смести” во нова успешна фирма. Татко е на две деца и сопруг на доктор, кој до пред некоја седница беше дел од прилепскиот Совет.
Очекувањата на прилепчани се дека ќе ги заврши сите започнати и предвидени проекти во градскиот пазар. Еве што се беше инвестирано во оваа фирма по пауза од 45 години:
Во периодот од 2004 до 2016 година ЈКП „Пазари“ со бројни инвестиции и одличен менаџмент обезбеди модернизирање и осовремени условите за работа на закупците на јавното претпијатие.
Покриен е централниот градски пазар каде се продаваат зелени производи, поплочен е стариот градски пазар со бекатон плочки, избушен е бунар на длабочина од 40 метри од кој се мие површината во внатрешноста на пазарот со техничка вода, извршена е реконструкција на целокуната водоводна мрежа во рамките на пазарот, поставен е лед-дисплеј на влезот од пазарот на кој граѓаните ќе можат да ги следат сите активности на пазарот, осветлен е целиот текстилен пазар, изградба на нови деловни објекти на местото на старите и руинирани објекти на просторот околу зелениот пазар и многу други објекти со инвестиција од 25.000.000 ДЕНАРИ ОД 2004 ДО 2016 ГОДИНА.
Последен од низата проекти беше и пуштањто во употреба пред 3 месеци на рампата со подезмни контењери во пазарот со што во значителна мера се подигна и нивото на хигиена за закупците и пазарџиите.
Во програмата на претходната локална самоуправа на Марјан Ристески беше предвидено:
Современ пазар со соларни панели, проект за производство на електрична енергија со фотоволтаици, реновирање на старите дуќани на потегот околу текстилниот пазар, замена на постојните светилки за осветлување во пазарот со штедливи лед светилки, потрошувачите ќе имаат можност за избор на квалитена органска храна каде ќе биде организиран посебен дел од пазарот за продажба на сертифицирана органска храна.
Реновирање на просториите на Управната зграда на ЈКП ,,Пазари“ –Прилеп, одделно место за продажба на занаетчиско –слаткарски производи како и допокривање на преостанатиот непокриен дел од пазарот на површина од 200 метри квадратни.