Каталонскиот парламент усвои закон кој предвидува референдум за независност

Регионалниот парламент на шпанската покраина Каталонија во седата донесе закон со кој се формализираат плановите за одржување на референдум за независност на 1-ви октомври, додека централната влада во Мадрид го смета овој потег за незаконски и најавува дека ќе го сопре.

Законот, кој исто така прецизира дека каталонскиот народ е независен, е усвоен со 72 гласа „за“ и 11 воздржани од 135 пратеници.

Пратениците кои се противат на референдумот од десната Народната партија, левата Социјалистичката партија и центристичката Гаѓани, кои дејствуваат на државно ниво, ја напуштиле пленарната сала за да не учествуваат и ги оставија знамињата на Каталонија и на Шпанија едно покрај другото. Во салата поборниците на независноста , од коалицијата Заедно за да и Кандидатура на народното единство ја отпеале каталонската химна и ракоплескале, по многу бучното 11-часовно заседание.

Каталонската влада која во регионалниот парламент има тесно мнозинство сака да го спроведе референдумот по секоја цена. Централната влада во Мадрид и главните политички партии во земјата се против референдумот, при што се повикуваат на уставот. Уставниот суд на Шпанија пред една години соопшти дека референдумот важи за целата територија на земјата и таквите плебисцити за независност ги забранува. Уставот предвидува дека сите Шпанците треба да бидат консултирани за прашања кои се однесуваат на целата земја, што значи дека една покраина не може сама да организира референдум.

Според некои од последните анкети 49,4 отсто од Каталонците а против независноста, 41 отсто се „за“, а повеќе од 70 отсто се за одржување референдум.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.