Како се живее со ДЕНАР ПЛАТА знаат само во “Еурокомпозит” и Владата?!

Според наши информации за вработените во “Еурокомпозит АД 11Октомври Прилеп” сеуште нема плати на сметките.

Вработените се уште ги очекуваат ветените 3 плати за 45 дена, но поминаа повеќе од 130 дена и ништо од ветувањето.

Преговорите со Владата и министерот Кочо Анѓушев со оглед на ова биле само обид проблемот да се заташка. Најлошото е тоа што според гласини на вработените им е ускратено  правото на штрајк, a синдикатот не смее да дава изјави.

Наместо целосна плата загарантирана со закон, а притоа загарантирана и од вицепремиерот Анѓушев, новиот директор исплатил фиктивна плата од 1 денар, што е видливо од изводот кој претхоно го добивме.

И покрај ова кон крајот на септември Анѓушев дојде во Прилеп, но само да се слика на отварањето на новата германска инвестиција во технолошко – инудстриската зона Алинци, која ја донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако го очекуваа, Анѓушев заборави да ги посети вработените во компанијата и да им објасни зошто доцнат платите кои им ги вети.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.