Антиоксидантите во кафето го чуваат здравјето на срцето и го намалуваат ризикот од карцином.
Најновото истражување кое е направено во Шпанија, а кое е спроведено на 20 илјади луѓе од 25 до 60 години, кои се следени цела деценија, покажува дека 4 шољи на кафе во денот го намалуваат ризикот од прерана смрт.
“Ви препорачувам кафе, и тоа во малку поголема количина”, вели др. Адела Наваро која го претставила ова истражување на собирот на Европското друштво на кардиолози во Барселона.
Ф.Г.